Достапни линкови

Кина драстично ги намалува меѓународните летови


Пекинг

Кина в недела драстично ќе ги намали меѓународните летови поради пандемијата на коронавирус, соопшти кинеското Национално биро за цивилно воздухопловство. Само една кинеска компанија ќе може да има еден лет од Кина кон странска земја неделно. Исто така, само една странска авиокомпанија ќе има по еден лет неделно кон Кина.

Кина ги укинува ограничувањата за движење во Хубеи

Кина, каде што започна епидемијата на вирусот во декември 2019 година, во голема мерка го искорени вирусот на нејзина територија. Властите не регистрираа нови инфекции во изминативе неколку дена. Сепак, кинеските власти се загрижени дека вирусот повторно ќе влезе во земјата со пристигнувањето на патниците од странство. На овој начин се евидентирани 500 случаи на инфекција.

XS
SM
MD
LG