Достапни линкови

Турција би можела да воведе забрана за движење поради коронавирусот


Истанбул

Турција би можела да нареди граѓаните да останат дома доколку инфекциите со коронавирус продолжат да се шират, соопшти владата. Владата претходно најави ваква мерка за луѓе постари од 65, но не и за пошироката јавност, како што направија некои други земји.

Ердоган: Турција ќе го надмине коронавирусот за 2 до 3 недели

Градоначалникот на Истанбул ги повика националните власти да го сторат тоа, наведувајќи дека скоро милион луѓе сè уште користат јавен превоз во најголемиот град во земјата. Во Турција од заболувањето КОВИД-19 предизвикано од новиот коронавирус починаа 75 луѓе, а има околу 3.630 заразени.

XS
SM
MD
LG