Достапни линкови

Тачи најави почетокот на консултации за нова влада


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи соопшти дека веднаш ќе започне консултации со лидерите на сите парламентарни партии за избор на нов мандатар откако падна владата. Косовските правници веруваат дека претседателот има две опции, или: консултации и барање на движењето Самоопределување да предложи нов премиер или предвремени избори, кога тоа ќе го дозволи состојбата со пандемијата на коронавирусот. Косовското собрание и изгласа недоверба на влада, предводена од Албин Курти. Иницијативата за недоверба беше поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, коалициски партнер во Владата. Се бараше разрешување на Владата за две прашања: неукинување на данокот на стока од Србија и БиХ што наводно ги влоши односите меѓу Косово и Соединетите држави, како и разрешувањето на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни работи по спорот околу тоа дали да се прогласи вонредна состојба за борба против коронавирусот.

XS
SM
MD
LG