Достапни линкови

Пентагон нареди запирање на движењата на војниците на САД поради коронавирусот


Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер издаде наредба за запирање на движењата на американската војска во странство во наредните 60 дена, во обид да го ограничи ширењето на коронавирусот. Еспер во интервју за агенцијата Ројтерс рече дека наредбата важи за сите американски сили, цивилен персонал и нивните семејства, но истакна дека ќе има некои исклучоци.

САД ја намалија помошта за Авганистан по неуспешниот договор

„Целта е да се осигураме дека ние не го враќаме вирусот дома, да ги инфицираме другите, дека не го шириме и во војската“, рече Еспер, додавајќи дека исклучок ќе биде повлекувањето од Авганистан, кој ќе продолжи.

XS
SM
MD
LG