Достапни линкови

Самит на Г20 за мерките против коронавирусот


Самит на Г20, Осака, Јапонија, јуни 2019.

Развиените индустриски земји од Групата 20 денеска ќе одржат итен самит преку видео линк на кој ќе разговараат за глобалниот одговор на кризата со пандемијата на коронавирус. Повеќе од една третина од светското население е во своевиден карантин, а владите се борат да ги намалат социјалните и економските проблеми што произлегуваат од мерките за спречување на ширењето на пандемијата.

Како Европа живее во карантин?

Досега, повеќе од 450.000 случаи се потврдени на глобално ниво, при што бројот на жртвите надминува 20.000. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека болеста предизвикана од новиот коронавирус „му се заканува на целото човештво и затоа целото човештво мора да возврати“.

XS
SM
MD
LG