Достапни линкови

Комитетот на Конгресот на САД ги поздрави преговорите на С.Македонија со ЕУ


Илустрација - Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД упати честитики до Северна Македонија и Албанија за согласувањето на ЕУ да ги отвори преговорите за членство во Унијата.

„Дури и во овие тешки времиња, добро е дека ЕУ го одржа ветувањето за почнување на процесот за членство со нашите балкански партнери“, се вели во објавата на Твитер.

Комитетот наведува дека ЕУ исто така треба да го одржи ветувањето на Косово за одобрување на визна либерализација, бидејќи како што е напишано, „Косово ги исполни сите услови и заслужува третман како неговите соседи.“

XS
SM
MD
LG