Достапни линкови

Влада: забрана за јавен сообраќај во Куманово, набавка на 2.000 маски дневно


седница на македонската влада

Владата на вчерашната седница реши да ја дополни одлуката за забрана и посебен режим на движење со тоа што во иднина ќе има забрана за влез и излез од и во општина Куманово за градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Нови 12 заразени со коронавирус во Македонија, вкупно 148

На седницата, Владата донесе Уредба за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство. Тие ќе пополнуваат изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Владата усвои и уредба за интервентна набавка на минимум 2.000 заштитни маски дневно во напорите за спречување на последиците од коронавирусот.

XS
SM
MD
LG