Достапни линкови

Приведени двајца дебарчани поради непочитување полициски час


Контролен пункт кај Дебар заради коронавирусот

Двајца дебарчани се приведени од страна на полициската патрола поради непочитување на полицискиот час, изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука. Тој упати апел до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и дополнителните мерки на владата, бидејќи во спротивност ќе се соочат со законските прописи.

Дука соопшти дека од 167 лица кои се во домашна изолација, 23 се болни од коронавирусот, додека другите се самоизолирани како сомнителни случаи и се под целосна контрола на полицијата .

На контролните пунктови од Дебар кон Маврово и од Дебар кон Струга, без проблеми се врши дотур на прехранбени артикл, а трговската мрежа и аптеките се добро снабдени. Редовно се вршат здравствени контроли, аздравствената состојба на вработените е под контрола, јавува нашиот дописник од Дебар.

XS
SM
MD
LG