Достапни линкови

САД ја намалија помошта за Авганистан по неуспешниот договор


државниот секретар Мајк Помпео

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа скрати милијарда долари помош за Авганистан и се закани дека ќе ги намали сите форми на соработка, бидејќи лидерите на ривалските земји во таа земја не успеаја да се договорат за формирање нова влада. Ова го соопшти државниот секретар Мајк Помпео, откако вчера го посети Кабул ненајавено за да се сретне со Ашраф Гани и Абдула Абдула. И двајцата се прогласија за претседател на Авганистан по контроверзните избори одржани во минатата година.

САД и талибанците потпишаа договор за ставање крај на војната во Авганистан

Во невообичаено острата изјава, Помпео ги критикуваше и двајцата што не соработуваат што е закана за можниот мировен договор за крај на најдолготрајниот конфликт во кој учествуваат САД. Тој додаде дека ова ќе „им штети на односите меѓу САД и Авганистан”.

XS
SM
MD
LG