Достапни линкови

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот


Празни улици во Скопје за време на полицискиот час поради коронавирусот

Македонската Влада на вчерашната седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полицискиот час. Од синоќа полицискиот час се скратува за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.

Коронавирус: дали е лекот пострашен од болеста?

Воведена е и нова забрана за две возрасни категории – за лица постари од 67 години, кои не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпладне до 5 часот наутро, и за млади до 18 години, за кои движењето надвор е забрането од 21 часот до 12 напладне.

XS
SM
MD
LG