Достапни линкови

Од утре повеќе автобуси на ЈСП во утринските часови


Луѓе со заштитни маски, Скопје, март 2020 година

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје денеска соопшти дека од утре ќе има зголемен број автобуси на одредени линии во утринските часови. На автобуските линии 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62, 63 и 67, во утринските часови ќе сообраќаат зголемен број на возила, со цел да се избегнат гужвите кои беа регистрирани изутрината во фреквентните часови, соопштија од ЈСП.

Оттаму информираат дека ја следат ситуацијата на терен, во комуникација и координација се со институциите кои одлучуваат за препораките/мерките како да се реагира во новонастаната ситуација и за евентуалните измени во превозот, јавноста навремено ќе биде информирана.

Бидејќи државата воведе полициски час од 21 часот до 6 часот наутро, од ЈСП потсетуваат дека првите утрински поаѓања на сите линии се во 6 часот, а навечер автобусите, во зависност од линијата, најдоцна тргнуваат околу 20 часот.

XS
SM
MD
LG