Достапни линкови

Труд и социјала: 11 препораки за компаниите во вонредна состојба


Правните субјекти во оваа вонредна состојба да ги почитуваат мерките и препораките за организирање на работниот процес. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките“, предупреди денеска Министерството за труд и социјална политика. Препораките за организирање на работниот процес се следните:

1. Во погоните каде што непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.

2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциски средства на база на алкохол).

4. Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен центар за јавно здравје.

7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на е-пошта.

XS
SM
MD
LG