Достапни линкови

Сенаторот Пол позитивен на коронавирус


американскиот сенатор Ренд Пол

Американскиот сенатор републиканецот од Кентаки Ренд Пол е позитивен на тестот за КОВИД-19. Тоа е првиот член на горниот дом на Конгресот кој имал таков тест. 57 годишниот Пол „се чувствува добро и е во карантин“, се вели во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер. Претходно двајца членови на Претставничкиот дом - Бен Мекдамс (Демократ-Јута) и Марио Дијаз-Баларт (републиканец-Флорида) – исто така имаа позитивни тестови.

Гувернерот на Калифорнија издаде наредба жителите да останат во домовите

Пол на 22 март гласаше против пакет стимуланси од 100 милијарди американски долари, дизајниран да го забави ширењето на коронавирусот и да им помогне на оние кои се погодени. Со предлог-законот, кој беше усвоен со 90-8 гласа, се бара бесплатно тестирање и платено боледување за некои работници. Сенаторот, кој изрази загриженост за растечкиот американски дефицит, тврди дека Конгресот треба да плати за мерките за коронавирус со намалување на финансирањето за војни и други програми.

XS
SM
MD
LG