Достапни линкови

Војската на Црна Гора дел од НАТО силите за брзо распоредување


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Советот за безбедност и одбрана денеска одлучи до 30 припадници на Армијата на Црна Гора да бидат дел од Силите на НАТО за брзо распоредување.

На седницата на Советот, со која претседаваше црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, одлучено е на силите на НАТО да им се придружат еден пешадиски вод на војската на Црна Гора, вод на чета и батаљон, кои во оваа мисија ќе учествуваат до крајот на 2022 година.

За тоа дали црногорските војници ќе бидат дел од силите на НАТО ќе одлучи црногорското Собрание.

Во претходните извештаи, кои ги објави Владата е наведено дека еден од приоритетите ќе биде придонесот на НАТО структурите на силите за брзо распоредување.

XS
SM
MD
LG