Достапни линкови

Шпанија се подготвува за најтешките денови со коронавирусот


Барселона

Шпанија се подготвува да се соочи со „најтешките денови“ во пандемијата на коронавирусот со вклучување на неколку илјади здравствени работници и отворање болница. Во Шпанија починале 767 лица, додека 17.1470 лица биле заразени, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека се излечиле 1.107 лица. Шпанија е четврта најзагрозена земја во светот, а во Европа е втора по Италија.

Шпанија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

„Доаѓаат најтешките денови ... Бројот на заразени ќе продолжи да се зголемува и така ќе биде се додека не го достигнеме врвот на епидемијата“, предупреди шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља, додавајќи дека во здравствениот систем се вклучени неколку илјади студенти по медицина, специјализанти и медицински сестри. кои претходно немале работа. Тој додаде дека биле повикани и пензионирани лекари и медицински персонал.

XS
SM
MD
LG