Достапни линкови

Словенија целосно го забрани движењето на јавни места


Словенија, иустрација

Словенечката Влада на вонредна седница донесе одлука времено целосно да го забрани движењето на граѓаните и собирањето на јавните места. Одлуката почна да важи од полноќ, а има за цел да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот. Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна. Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Телевизија Словенија изјави дека казните за непочитување на ваквата одлука ќе изнесуваат и до 400 евра.

Словенија и Турција го одложија плаќањето кредити поради коронавирусот

Дополнително Владата размислува и на армијата да и се дадат полициски овластувања, но за тоа да се случи потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, а пратениците засега не се за воведување таква радикална мерка.

XS
SM
MD
LG