Достапни линкови

Полицијата со проверки во куќи каде се организираат забави и собири


Седница на македонската влада

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватни куќи во кои се организираат забави и собири, со цел да спречи нивно одржување. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири во општина Сопиште и во населеното место Соње, со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, се наведува во заклучоците од владината седница на која беа усвоени серија мерки во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.

Во војна против Ковид-19 со лежење на кауч

Владата, исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи, доколку е потребно, да изработи Уредба со законска сила, со која ќе се нормира донесената одлука за забрана во период од 14 дена за одржување настава и спроведување обуки и испити во испитните центри од страна на школите за обука за возачи.

XS
SM
MD
LG