Достапни линкови

Вработените во „Кромберг и Шуберт“ од утре на колективен одмор


IИлустрација. Автомобилска индустрија.

Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа.

Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија.

Од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола објавија дека производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во државава како и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото нивно производство ја наметнале потребата од донесување на таа одлука. Од таму додававаат дека заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука.

Оваа фабрика која претставува германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше над 6000 вработени, со што фабриката е најголемиот работодавач во Регионот.

XS
SM
MD
LG