Достапни линкови

МЗ: Шест нови случаи со коронавирус, вкупно 48 заразени


Венко Филипче

Министерството за здравство соопшти дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 48.

"Се работи за едно четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија и уште три случаи од Дебар. Во Скопје е регистриран еден случај, по контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација" стои во сооштението.

Од Министерството посочуваат дека во моментов се тестираат 35 лица, за кои ќе информираат веднаш по добивање на резултатите.

Тестирани 22 лица, до 11 часот нема нови заразени

XS
SM
MD
LG