Достапни линкови

СДСМ: ООН ги демантираше лажните вести на Николовски


Партиско лого на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека ООН јавно ги демантирале лажните вести на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски дека светската организација правела проценка на владините мерки.

"Не е точно дека ООН правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски. Затоа Обединетите Нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии.Tоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто, здравјето" велат од СДСМ.

Николоски: Владата е неефикасна, ние имаме мерки за спас

Претходно денеска потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски на пресс конференција излезе со сет од 5 мерки кои неговата партија ги предлага за, како што рече, спас од катастрофа.

Тој рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта нема вистински мерки за справување со последиците од коронавирусот и затоа неговата партија предлага мерки со цел спасување на бизнисот и компаниите во услови на вонредна состојба во државата.

XS
SM
MD
LG