Достапни линкови

Чулев:Специјалци извлекоа луѓе од кризните подрачја со дозвола на епидемиолог


Полицијата надгледува околу илјада луѓе кои под наредба на министерството за здравство се во изолација. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференција соопшти дека по прогласувањето на вонредната состојба полицијата извршила проверка на околу две илјади луѓе кои се во самоизолација и кај околу 500 кои под здравствен надзор.

„Одделот за специјални операции презема активности во кризното подрачје, но ги ангажиравме и на ниво на целата држава. Тие го регулираат спроводот кон и од кризното подрачје, а тоа се Дебар и Жупа. Во изминативе два дена реализираа извлекување на 64 лица со 24 возила од селата Тресонче, Лазарополе, Осој, Манастирец. Овие села се во периметарот на кризното подрачје, но лицата беа изолирани и контролирани од епидемиолог кој даде дозвола да се излечат. Во моментов се излекува трудница од кризното подрачје која чека преглед од епидемиолог,“ изјави Чулев.

Тој истакна дека секој кој ќе сака да излезе од држава ќе треба да потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати назад. Исклучок од ова ќе бидат возачите на товарни моторни возила и они кои излегуваат поради здравствени причини.

„На 17 и 18 март поднесени се кривични пријави против 12 лица пренесување на заразна болест во Струмица и 10 непостапување според здравствени прописи во време на епидемија", додаде Чулев.

Во одговор на новинарско прашање, Чулевпосочи дека вчера во земјава влегле 2 илјади македонски и 807 странци, аизлегле вкупно 2.278 лица од кои 951 се македонски граѓани, а 1.327 странци. Тоа се најчесто луѓе од транспортниот сектор, односно возачи на камиони.

Чулев најави и дека се размислува за продолжување на законскиот престој на странски државјани во земјава кои се затекнале овде, како што е случајот со лица во Дебар и

На прашањето за состојбата со пасошите, Чулев рече дека денес ќе пристигнат 5.000 обрасци, а до 24 март ќе заврши набавката на останатите 140.000 обрасци.

XS
SM
MD
LG