Достапни линкови

Николоски: Владата е неефикасна, ние имаме мерки за спас


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта нема вистински мерки за справување со последиците од коронавирусот и затоа, како што рече партискиот потпретседател Александар Николоски, неговата партија предлага неколку сет на мерки со цел спасување на бизнисот и компаниите во услови на вонредна состојба во државата.

„Во однос на економијата на бизнисот итно му е потребна инјекција, свежи пари и помош. Потребни се капитал и знаења за да се помогне на бизнисот. Што побрзо да се преземат мерки за да се спречи економска катастрофа. Затоа предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Второ замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април. Трето, владата да ги преземе обврските да ги сторнира и да ги плати каматите по однос на кредитите на компаниите за месец март, а доколку продолжи кризата и за месец април. Четврто државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата. И конечно последно потребно е веднаш да се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и ним да им се исплатат субвенции од страна на државата за да можат да го преживеат овој период“, рече Николоски на денешната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG