Достапни линкови

На островот Хокаидо укината вонредната состојба поради коронавирусот


илустрација

Властите на северниот јапонски остров Хокаидо денеска ја укинаа вонредната состојба прогласена во минатиот месец поради епидемија на коронавирусот. Гувернерот на префектурата Хокаидо, Наомиси Сузуки, воведе итни мерки на 28 февруари, тврдејќи дека наредните две недели биле пресудни при сузбивање на вирусот.

Чешка нареди задолжително покривање на лицето за тие што се надвор

„Бевме во можност да ја избегнеме ситуацијата од која првично се плашевме: експлозивното ширење на инфекцијата што доведува до колапс на здравствениот систем“, рече тој.

Има 154 потврдени случаи на островот, вклучувајќи шест смртни случаи. Во Јапонија биле заразени вкупно 914 луѓе, а починале 31.

XS
SM
MD
LG