Достапни линкови

Турција ги затвори границите со Бугарија и Грција за патници


Дезинфекција во џамија во Истанбул

Турција ги затвори граничните премини со Бугарија и Грција за преминување на патници, како мерка за борба против ширењето на коронавирусот, јави турскиот телевизиски канал НТВ.

Нема забрана за превоз на товар преку гранични премини.

Запрен е поморскиот превоз на патници во двата правци меѓу Турција и копното на Грција и грчките острови. Почнувајќи од вечерва на полноќ нема да биде дозволен влез на грчки и бугарски граѓани кои сакаат да влезат во Турција, како и државјани на трети земји кои престојувале во овие земји во последните 14 дена.

XS
SM
MD
LG