Достапни линкови

Словенија и Турција го одложија плаќањето кредити поради коронавирусот


Руски туристи чекаат да се качат на последниот авион пред затворањето на аеродромот во Брник во Словенија на 17 март

Владата во Словенија, како една од мерките за намалување на последиците од коронавирусот, подготви предлог-закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба, како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на последиците од пандемијата на коронавирусот, ќе можат да ја користат компаниите од сите сектори, а засега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.

Друга мерка која ја донесоа властите во Словенија е компаниите кои поради пандемијата со коронавирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработени, да добијат пари за да не им се уништи бизнисот и да можат да исплатат плата. Работодавците се обврзани да исплатат плата од 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, од кои државата ќе покрие 40 отсто од оваа сума, а работодавецот 60 отсто.

И во Турција како мерка за заштита на економијата од последиците од коронавирусот, се одлага плаќањето кредити. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека Турција ќе одложи плаќања за кредити и ќе намали даноци во различни сектори согласно пакет економски мерки за поддршка вредни 14 милијарди евра. Ердоган ги повика банките да не ограничуваат кредити, и компаниите да не намалуваат работни места. Тој најави и поддршка за авиокомпанијата Туркиш ерлајнс.

XS
SM
MD
LG