Достапни линкови

Димитров - Македонските државјани затечени во странство итно да се пријават


Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров апелираше до македонските граѓани кои се затечени во странство поради ситуацијата со коронавирусот, итно да се јават во најблиското Дипломатско – конзуларно претставништво, за да може да им се помогне да се вратат во земјава. Тој апелира да даваат точни податоци за да може да им се помогне да се вратат.

„Има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени. Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија“, апелира министерот за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG