Достапни линкови

Грција забранува собири со 10 или повеќе луѓе, казни од 1000 евра за прекршувачите


Празно кафуле во Грција, поради мерките против коронавирусот

Од утре во Грција поради коронавирусот се забрануваат надворешните јавни собири со учество на десет или повеќе лица, а предвидена е казна од 1000 евра по човек и случај, соопшти заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, на денешната прес конференција.

Тој упати строга препорака до граѓаните движењето да го сведат само на неопходно излегување од дома. На новинарско прашање дали од граѓаните ќе се бара некаков доказ каде одат, објасни дека сепак станува збор само за строги препораки.

Во Грција бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус достигна до 418.

XS
SM
MD
LG