Достапни линкови

СЗО: Блискоисточните земји да дадат информации за заболени со коронавирусот


Светска здравствена организација побара од блискоисточните земји да споделат информации за заразените луѓе со новиот коронавирус и на тој начин да придонесат за поефикасна борбата против епидемијата во регионот. Регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ахмед ал Мандхари изјави дека треба да се подобри пристапот до информации за епидемијата со Ковид-19 на Блискиот Исток, што ќе ѝ овозможи на Организацијата внимателно да го следи ширењето на вирусот во тие земји и да примени поефикасни мерки за јавното здравје.

Тој додаде дека државите од регионот ги интензивирале набљудувањето, тестирањето и пружањето на поддршка за семејствата на заболените, но оти треба многу повеќе да се направи за да биде поуспешна борбата против Ковид-19.

XS
SM
MD
LG