Достапни линкови

ЕУ одобри 37 милијарди евра за справување со последиците од КОВИД-19


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Попладнево амбасадорите на земјите членки во ЕУ по брза постапка го одобрија предлогот да се деблокираат 37 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Иницијативата предвидува ослободување на 37 милијарди евра од кохезивните фондови на ЕУ, како и 29 милијарди евра од структурните фондови.

Овие мерки имаат за цел да им помогнат пред сѐ на малите и средни претпријатија кои ќе се соочат со финансиски потешкотии поради пандемијата и мерките за изолација на населението. Целта е исто така да се поддржат инвестициите во критични сектори како здравството.

ЕУ со оваа одлука одлучува да ги омекне правилата за трансфер на фондови помеѓу различните програми кои се достапни. ЕУ одлучи исто така да овозможи активирање на Фондот за солидарност, создаден првично за помош во случај на природни катастрофи. Советот одобри во овој фонд да бидат вклучени здравствени кризи и да им се помогне на земјите членки во борбата против пандемијата.

XS
SM
MD
LG