Достапни линкови

Мишел: Самитот на 27 март ќе биде онлајн поради коронавирусот


Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Шефовите на држави и влади за прв пат немаат да отпатуваат во Брисел за редовен Европски Совет и одлучено е самитот на 26 и 27 март да се одржи виртуелно, во вид на видеоконференција, поради кризата со коронавирусот, соопшти претседателот на Советот,Шарл Мишел, јави дописничката на МИА од Брисел.

Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци, во кои вчера увид имаше Радио Слободна Европа, укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.

XS
SM
MD
LG