Достапни линкови

Австралија го ограничи патувањето во странство и забрани собири


Сиднеј, Австралија, 18 март 2020 година.

Австралиските власти денеска соопштија дека австралиските граѓани не треба да ја напуштаат земјата за да запре пандемијата од коронавирус, пренесе АП. Премиерот Скот Морисон на прес конференција соопшти дека мерката ќе важи речиси шест месеци.

„Ако го забавиме ширењето ќе спасиме животи. Не сме виделе вакво нешто во Австралија од завршувањето на Првата светска војна”, изјави австралискиот премиер.

Владата забрани и собири на затворено со учество на над 100 лица, јавија агенциите.

XS
SM
MD
LG