Достапни линкови

Димитров: И покрај апелите, државата за 24 часа ја напуштиле над 1.330 граѓани


Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, синоќа на својот Фејсбук профил објави дека и покрај апелите да не се патува, од завчера до вчера утро, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1.331. “Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот, напиша Димитров на Фејсбук.

ЕУ ги затвори границите за државјани од трети земји

Тој потсети дека државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа.

“Истовремено, секое патување драстично го зголемува ризикот по здравјето не само за вас и за вашето семејство, туку за целата нација. Драги граѓани, повторувам: Не патувајте!”, апелира Димитров на својот профил на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG