Достапни линкови

ЕУ ги затвори границите за државјани од трети земји


Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен

Лидерите на земјите членки на Европската унија го поддржаа предлогот на Европската комисија за воведување забрана за влез во зоните на ЕУ и Шенген, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, по видео конференцијата со шефовите на држави и влади на ЕУ потврди дека сите тие ги поддржуваат препораките на Европската комисија.

Рестриктивните мерки се применуваат на целата територија на Европската унија, вклучително и Шенген-зоната. Овие мерки ќе се применуваат на т.н. државјани на трети земји за период од 30 дена. Рестриктивните мерки ќе ги исклучат граѓаните на ЕУ, постојаните жители на земјите од ЕУ, дипломати и медицински персонал, како и експерти кои помагаат да запре коронавирусот.

Не сите земји на ЕУ се членки на Шенген, како што се Хрватска, Бугарија, Романија, Ирска и Кипар. Исто така има и земји што не се членки на ЕУ, но дел од Шенген-зоната, како Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен, на прес-конференција изјави дека секоја од земјите треба да ја спроведе оваа мерка за затворање на нивните граници за граѓаните од трети земји.

„Непријателот е вирус и сега треба да сториме се за да го заштитиме нашиот народ и да ги заштитиме нашите економии. Ние сме подготвени да сториме сè што е потребно и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата“ изјави фон дер Лаен на вечерашната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG