Достапни линкови

Под карантин приватна педијатриска амбуланта во Дебар


Дебар, кризна состојба

Единствената приватна педијатриска амбуланта, чиј персонал здравствена услуга пружа на деца од општините Дебар и Центар Жупа, во следните 14 дена ќе биде затворена.

„Од вработените имаме еден позитвен на коронаврус, останатите немаат симптоми, но мора да останат во 14-дневен карантин“, изјави за МИА Арбен Аголи, еден од педијатрите во амбулантата.

Во меѓувреме, од Министерството за здравство информираат дека попладнево на коронавирус биле тестирани 10 пациенти, а 5 се позитивни на вирусот.

„Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во општините Дебар и Центар Жупа има вкупно 20 заразени од коронавирус.

XS
SM
MD
LG