Достапни линкови

Затворени 17 објекти за непочитување на препораките за коронавирус


Досега се затворени 17 угостителски објекти за непочитување на препораката на Владата за забрана за работа како превенција од коронавирусот. Инспекциите на надлежните инспекторати евидентирале покачување на цените на заштитните маски, ракавици и средства за дезинфекција, поради зголемената увозна цена, а донесени се 12 укажувања на работодавачи за непочитување на препораката за платено отсуство на родители со дете до 10 години.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 14 и 15 месецов спровел контрола кај 47 субјекти, од кои 29 без наод и 18 со забелешки. Инспекцијата извршила надзор и во дополнителни 27 објекти под нејзина надлежност како што се игротеки, фитнес сали, базени и слично и сите овие субјекти ја почитувале забраната за работење и се затекнати затворени“, истакна на денешната прес-конференција Магдалена Филипоска Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет.

Државниот инспекторат за труд во тие два дена спровел 264 контроли во поглед на платено отсуство на родител на дете до десетгодишна возраст, самохран родител бремени жени и хронични болни, при што се донесени 12 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.

XS
SM
MD
LG