Достапни линкови

Вонреден самит на ЕУ за коронавирусот


Од еден од поранешните самите на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за денеска свика самит на Европската унија за мерки за спречување на пандемијата со коронавирусот. Како и пред една недела состанокот ќе се одржи преку видео конференција. “Клучно е запирање на ширењето на вирусот, обезбедување медицинска опрема во доволно количество и ограничување на негативните економски последици”, изјави Мишел. ЕУ се обидува да се координира и да спроведе европска слоидарност како одговор на пандемијата. Границата од 2.000 починати од коронавирусот во Европа е премината во неделата.

XS
SM
MD
LG