Достапни линкови

Лидерска средба за можно одлагање на изборите


Стево Пендаровски, претседател на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски за денеска свика средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која се одржа во октомври 2019 година по Европскиот совет. На средбата се поканети лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците, а поканети се и собранискиот спикер Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Претходно лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изјавија дека во интерес на здравјето на граѓаните во ситуацијата што ја имеме со коронавирусот, бараат одложување на изборите закажани за 12 април.

Нема потреба од брзање за прогласување кризна состојба

Вчера, кај претседателот Пендаровски, се одржа седница на Советот за безбедност поради ситуацијата со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG