Достапни линкови

Лукашенко со критика за рускиот „непотребен потег“ за затворање на границата


Илустрација, Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ја критикуваше, како што ја нарече, „непотребната “ одлука на Русија да ја затвори границата меѓу двете земји во обид да го забави ширењето на коронавирусот. Тој на состанокот со официјалните владини претставници во Минск истакна дека „не смее да има непотребни потези кои може да ги искомплицираат веќе незгодните односи меѓу двете нации“.

Претходно руската владата соопшти дека воведува рестриктивни мерки за движење кон границата со Белорусија и дека тие се „поттикнати од посебни околности и дека се привремени“.

Досега во Белорусија се евидентирани вкупно 36 случаи на заболени од коронавирусот, но засега нема ниту еден смртен случај. Руските власти пак, соопштија дека евидентирале вкупно 93 случаи на заразени од Ковид 19.

„Наместо да ја затвори руско-белоруската граница, нашата драга и сакана Русија треба да и помогне на Белорусија да ја зајакне безбедност против коронавирусот на нашата заедничка граница со Полска“ изјави Лукашенко.

Тој најави дека наскоро ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин.Лукашенко кој е на власт повеќе од 25 години, во последните години се соочува со зголемен притисок од Москва за подлабока интеграција на договорот за обедунување од 1999 година, којпредвидуваблиски политички, економски и воени врски меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG