Достапни линкови

Спасовски на средба со поглаварите на верските заедници


Средба на премиерот Спасовски со поглаварите на верските заедници

Претставниците на религиозните заедници во земјава се сретна вечерва во Владата со техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировскки со цел разговор за мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во владиното соопштение е наведено дека поглаварите на религиските заедници изразиле силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.


„Поглаварите информираа за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците. Разгледани се можности за максимална заштита на верниците. Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици,“ се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG