Достапни линкови

Албанија ќе им забрани на пензионерите да излегуваат од дома


Албанија - Медицински лица мерат температура на патници.

Во Албанија од вечерва по 18:00 часот забрането е движење на граѓаните пеш по улици, седење по паркови и на други јавни површини. А премиерот Еди Рама најави дополнителни засилени мерки. Тој рече дека се подготвуваат да донесат одлука за целосна забрана пензионерите да излегуваат од дома, како што вели, сè додека оваа војна не заврши!

„Не можеме да чекаме на совеста на ова малцинство кое продолжува да ги предизвикува правилата, доведувајќи ги во многу голема опасност и себе си и другите“, напиша на социјалните мрежи Рама ,кој како што наведува и самиот е во самоизолација.

Посочува дека пензионерите со храна и лекови треба да ги снабдуваат нивните деца, додека оние чии деца не живеат во истиот град, ќе бидат опслужени од државата преку заедничките екипи на општините и владата.

Во Албанија денеска се потврдении 9 нови случаи на заразени со коронаврус, меѓу нив еден лекар и три медицински сестри, со што бројот се зголеми на 51-но лице.

XS
SM
MD
LG