Достапни линкови

Меркел: Г7 со заеднички мерки за справување со коронавирусот


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од Г-7 се согласни заедно да дејствуваат со координирани мерки во спречување на ширењето на коронавирусот како и справувањето со последиците од него.Претходнопретседателката на Европската КомисијаУрсула фон дер Лејен на денешната прес конференција изјави дека ЕУ размислува да воведе 30 дневна забрана за движење за луѓето кои влегуваат во Унијата, освен ако нивното патување е неопходно, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Меркел, Макрон и Лајен договориле антикорона мерки за ЕУ-границите

Во пресрет на самитот на ЕУ кој се одржува преку видео-конференција, таа во понеделникот истакна дека лидерите на земјите членки треба да воведат привремени мерки ограничувања за неселективно патување во Европска Унија.

„Колку помалку патуваме, толку повеќе можеме да го спречиме ширењето на вирусот, “ изјави таа во видео пораката што беше денеска објавена на нејзиниот официјален твитер профил. Таа додава дека од оваа забрана може да бидат изземени дипломати, лекари и здравствени работници како и транспортни работници.

Европската комисија (ЕК) даде предлог за ограничување на извозот на медицинска опрема надвор од државите на ЕУ

XS
SM
MD
LG