Достапни линкови

Глобалниот број на заразени од Ковид 19 го надмина бројот на заразени во Кина


За прв пат бројот на заразени во светот од вирусот Ковид 19 го надмина бројот на заразени во Кина од каде што почна и ширењето на коронавирусот. Според последните податоци на американскиот институт каде што се следи бројот на заразени луѓе, досега изнесува 87 илјади граѓани, додека кинеските власти тврдат дека во нивната земја биле евидентирани 80 илјади случаи.

Вкупната бројка на починати луѓе од овој вирус ги надмина и бројките на починати во Кина и изнесува 6513 смртни случаи предизвикани од Ковид 19.

Од коронавирус излекувани 69 илјади луѓе, починале 4.900

Брзото ширење на коронавирусот и се заканува на глобалната економија со рецесија, бидејќи голем дел од компаниите привремено ги затворија своите погони, принудувајќи ги централните банки да преземат мерки за да ги намалат последиците. Низ цела Европа, откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, многу држави го ограничија дневното движење и меѓународните патувања со цел спречување на ширењето на болеста.

XS
SM
MD
LG