Достапни линкови

Димитров на средба со амбасадорите од регионот за заеднички транспортен режим


Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска одржа работен состанок со амбасадорите на земјите од регионов со цел меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот. Тој на состанокот истакнал дека непречениот транспорт на стоки е во интерес на сите држави од регионот и тоа треба да го реализира со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес, соопшти МНР.

Во продолжение на соопштението е наведено дека на состанокот амбасадорите,презентирале информации во однос на мерките што се преземени во нивните земји како и дека сите се согласиле за создавање усогласен режим на движење во овој кризен период, стои во соопштението

XS
SM
MD
LG