Достапни линкови

ЕБОР со милијарда евра ќе му помогне на приватниот сектор погоден од коронавирусот


Архивска фотографија, Седиштето на ЕБОР во Лондон

Европската банка за обнова и развој одвои милијарда евра за итна помош во форма на „Солидарен фонд“ . Овие пари ќе бидат наменети за мерки што ќе им помогнат на компаниите во регионите каде банката има активности за справување со последиците од пандемијата со Ковид 19.Предлогот мерки е одобрен денеска од акционерите на Банката која инвестира во развојот особено во приватниот сектор, во 38-те земји каде има свои канцеларии. Под оваа програма за итни мерки, ЕБОР ќе воспостави „рамка на флексибилно дејствување”, со одржлива деловна основа, за оние кои во моментов поминуваат низ привремени потешкотии во кредитирањето.

XS
SM
MD
LG