Достапни линкови

Чулев бара затворање на сите граници


Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната седница на Кризниот штаб за коронавирусот, предложил затворање на сите гранични премини за влез во државата.

„Оваа одлука очекувам попладне да биде потврдена од страна на Владата и да важи за сите патнички возила кои влегуваат во државата, освен за македонските државјани и кај оние каде има посебен економски или државен интерес“, напиша Чулев на својот фејсбук профил.

Тој вели дека од страна на соседните земји за влез се затворени сите гранични премини, освен граничниот премин Деве Баир кој во моментов функционира непречено.

XS
SM
MD
LG