Достапни линкови

Вонредна седница на Народна банка, намалена основната каматна стапка


Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка денеска одржал вонредна електронска седница на која била донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75%.

„Ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари кога во услови на високи девизни резерви и ниски инфлациски движења, а при присутни глобални ризици, вклучително и од ширењето на коронавирусот, ја олабавивме монетарната политика. Потребата од одржување вонредна седница произлезе од брзото ширење на вирусната инфекција ковид-19 во глобални рамки, со што се продлабочија ризиците и во домашната економија. На седницата повторно беа разгледани најновите економски показатели, при што се разговараше за ефектите од појавата на ковид-19 врз глобалната и врз македонската економија“, соопшти Народната банка..

XS
SM
MD
LG