Достапни линкови

Дебар- ист третман за сите компании или протести


Дебар - Кризна состојба

Неколку компании во Дебар најавија протести поради тоа што во мерките на Владата немаат ист третман со фабриката за гипс Кнауф. На прес конференција на Оперативниот штаб, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука изјави дека компаниите Маја за амбалажирање на вода, компанијата Дигипс за производство на гипсени префабрикати и некои помали фирми бараат и тие да имаат можност да го продолжат производството онака како што и е овозможено на фабриката Кнауф. Според Дука, ако тоа не се случи компаниите најавуваат протести.

На прес конференцијата градоначалникот Дука оцени дека состојбата во градот е под контрола и се почитуваат мерките на владата. Тој рече дека денеска имал средба со претставници на војската која е ангажирана на граничниот појас со цел да спречи нелегални минувања.

Во трговската мрежа се се одвива без проблеми а вработените во продавниците се здравствено добри и работат со маски и нараквици.

XS
SM
MD
LG