Достапни линкови

Филипче: Нема новозаболени, 7 лица на тест за коронавирус


Во моментов се тестираат седум пациенти за корона вирус - тројца од нив се од Дебар со симптоми на грип и двајца од Штип, како и две лица на инфективаната клиника, кои се тестираат затоа што патувале во високо ризични земји, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Состојбата на сите хоспитализирани е лица од корона вируот е стабилна.

„Денеска нема новодијагностицирани пациенти. Првата пациентка веќе е дома, испишана е од болница, а снимките покажаа дека нема значителни последици на белите дробови. Пациентката на респираторната машина е во добра состојба. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, 13 на Инфективната клиника во Скопје и на 5 пациенти во Дебар. Во овој момент се тестираат 7 пациенти, тројца од Дебар, двајца од Штип и двајца на Инфективната клиника, дошле од Австрија или од Германија. Се проширува бројката на луѓе што ќе се тестираат. Очекуваме утре бројката на луѓето што треба да се тестираат да достигне и до 80“, рече Филипче на пладневната прес-конференција.

Според министерот, денеска се состанал и Кризниот штаб на Владата, а кризната состојба во Дебар и Центар Жупа добро се спроведува, без посериозни проблеми, без нарушувања на јавниот ред и мир, и со исклучително висок степен на дисциплина и придржување кон мерките.

Филипче информираше дека Клиниката за психијатрија ќе отвори телефонска линија за телефонска психолошка поддршка на родители, на лица во самоизолација и на граѓаните од Центар Жупа и Дебар, и уште еднаш апелираше да се почитуваат мерките на Владата за полесно справување со вирусот.

XS
SM
MD
LG