Достапни линкови

Во Грција уапсени 127 лица за кршење на антикорона мерките


Илустрација

Во последните пет дена во Грција биле регистрирани 122 прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и биле уапсени 127 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, најголем број од прекршувањата биле во саботата, кога во 86 случаи биле уапсени 90 лица. Во текот на вчерашниот ден, бројот е речиси три пати помал, било регистрирано едно прекршување и уапсено 31 лице.

Најголем број од прекршувањата – 48, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.

XS
SM
MD
LG