Достапни линкови

Видео самит на Г7 за коронавирусот


Лидерите на Г7 во Франција, 26. 08. 2019.

Лидерите на земјите од Групата седум најразвиени земји денеска ќе одржат видео конференција за преземање „координирана акција“ за коронавирусот, соопшти Белата куќа. Во Г7 се САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Британија и Јапонија.

Соединетите држави моментно го имаат ротирачкото претседателство на Г7. Скоро 170.000 луѓе заболеле од вирусот од почетокот на избувнувањето на епидемијата во Кина во декември лани, со повеќе од 6.500 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG